2013-04-11 09:27:07

Две нови Твитер пораки на Папата


На крајот од Генералната аудиенција, Папата Фрањо испрати две нови пораки преку социјалната мрежа Твитер, кои гласат: „Да се биде христијанин не се сведува само на тоа да ги почитуваме заповедите, туку да се дозволи Христос да господари и да го преобрази нашиот живот.“ Втората порака на Твитер гласи: „Синови и ќерки во Бог, ако живееме како деца Божји и чувствуваме, колку многу нè љуби, тогаш нашиот живот ќе биде нов, исполнет со мир и полнина на радоста. Твитер профилот на папата Фрањо (@ pontifex) е на девет јазици, а бројот на пријатели надминува 5 милиони и 300 илјади.








All the contents on this site are copyrighted ©.