2013-04-09 18:23:58

Папата Фрањо продолжува по патот на екуменизмот


Ватиканскиот гласноговорник отец Федерико Ломбарди средбата на папата Фрањо со пасторот Николаус Шнајдер, претседател на Евангелската црква во Германија, која се одржа во понеделник, ја оцени како срдечна и плодна, и дека без никакво сомневање екуменизмот продолжува и во понтификатот на папата Фрањо. Освен со Папата пасторот Шнајдер оствари средба и со кардиналот Курт Кох, претседател на Папскиот совет за единство на христијаните, како и со архиепископот Герхард Лудвиг Милер, префект на Конгрегацијата за наука на верата. Пасторот Шнајдер упати честитки до Светиот Отец за изборот на името „Фрањо“, бидејќи е од големо значење за целото христијанство.








All the contents on this site are copyrighted ©.