2013-04-08 11:19:28

„Иван Павле II“ е новото име на плоштадот пред Генералниот викаријат во Рим


Оваа недела папата Фрањо ќе ја преземе базиликата свети Иван Латерански. Кратко пред да започне свечената светата Литургија во Латеранската базилика, Светиот Отец ќе предводи еден исто така важен настан. Имено плоштадот пред Генералниот викаријат на Римската бискупија, кој се вика Плоштад свети Иван Латерански, ќе се преименува во „Иван Павле II.

Папата Фрањо околу 17.00 часот ќе ja открие новата плоча со натпис на која ќе стои новото име на плоштадот, а во продлжение следува свечената светата Литургија на која папата Фрањо ќе го преземе епископскиот Престол на Римската бискупија.

На ова свеченост меѓу другите ќе присуствува и кардинал Агостино Валини, викар на Римската бискупија, како и градоначалникот на градот Рим Џијани Алемано.








All the contents on this site are copyrighted ©.