2013-04-06 09:55:38

Над 1 милијарда луѓе во светот живеат во сиромаштија


Повеќе од 50 % од населението во светот живее во услови на голема сиромаштија, концентрирани во Кина, Индија и Бразил, а 1 милијарда и 300 илјади живеат со помалку од 1,25 долар на ден. Овие бројки се објавени од Светска Банка, а јавува агенцијата Фидес.
Од почетокот на 80-те години, 600 милиони луѓе успеале да ја надминат сиромаштијата, намалувајќи го на тој начин процентот на населението во светот кое живее во крајна сиромаштија од 42% на 19%. Според експертите овој пад се должи на напредокот на земји – Кина, Индија и Бразил, каде живеат скоро 50% од сиромашните во светот. Во моментот во Јужна Азија живеат 571 милион во сиромаштија, во Африка 386 милиони, додека во Југоисточна Азија живеат 284 милиони во крајна сиромаштија.








All the contents on this site are copyrighted ©.