2013-04-05 12:03:31

Годишното пленарно заседание на Папската библиска комисија


Годишното пленарно заседание на Папската библиска комисија ќе се одржи до 8 до 23 април 2013 година во домот Света Марта во Ватикан, под водство на монс. Герхард Лудвиг Милер, соопшти Канцеларијата за печат при Светата Столица. На заседанието ќе се заклучи студијата на тема „Вдахновението и вистината во Библијата“. Имено наназад неколку години комисијата истражуваше на кој начин вдахновението и вистината се отсликуваат во разни книги од Светото Писмо. Цел на оваа студија е да се овозможи позитивен допринос за да се добие подлабоко сфаќање на поимите вдахновение и вистина. Словото Божјо од верниците е прифатено на исправен начин, како единствен дар Божји, преку кое Бог се објавува и ги повикува луѓето на заедништво со него.








All the contents on this site are copyrighted ©.