2013-04-04 09:04:31

Папата во среда проповедаше за учениците од Емаус


Настанот со учениците од Емаус, за кои говори Литургијата оваа среда, беше во фокусот на кратката проповед која папата Фрањо ја одржа на 3 април за време на светата Литургија, која ја служеше во домот Света Марта. На светата Литургија беа присутни вработените во Римскиот дом за свештеници.

Евангелието од оваа среда говори за двајцата ученици од Емаус, кои после смртта на Исус заминуваат од Ерусалим. Имаа страв, сите ученици се плашеа, рече Папата. Но по пат постојано зборуваа за настаните кои ги искусија и очајуваа. И уште повеќе, не престануваа да очајуваат, а колку повеќе очајуват, стануваа позатворени во себе, немаа перспектива, само ѕид пред нив – забележа Папата.

После големата надеж, искусија неуспех за сето она што го веруваа: И го готвеа својот живот во сосот на својот очај и така одеа напред, со жалење - реча Светиот Отец и додаде: Мислам дека ние често, кога се случуваат тешки работи, па и тогаш кога не посети некој Крст, се донесуваме во опасност да се затвориме во очајот. А Господ во тој момент е со нас, но не Го препознаваме. И Тој оди со нас. Но ние не го препознаваме. И ако Исус ни зборува – додаде Папата – и во себе почувствуваме убави работи, и понатаму се плашиме: ни изгледа дека очајувањето ни е посигурно! Тоа е како некоја сигурност; тоа е мојата вистина, неуспехот. Нема повеќе надеж – рече Светиот Отец.

Потоа истакнувајќи дека е убаво да се види Исусовото трпение со двајцата ученици од Емаус, Папата напомна дека Тој најпрво ги слуша, а потоа пополека им толкува.... А потоа, на крајот им се укажува. Како што тоа го направи со Магдалена, кај гробот – рече Светиот Отец и додаде Исус го прави истото и со нас. И во најтешките моменти: Тој секогаш е со нас, оди со нас. И на крајот ни ја покажува својата присутност.

Очајувањето не е добро – истакна папата – и тоа не само она што се однесува на другите, туку и оние кои се против нас, кога сѐ ни изгледа горко. Не е добро бидејќи ни ја одзема надежта. Поради тоа да не влегуваме во таа игра на живот со очајување, туку ако нешто не оди како што треба, да побараме утеха во Господ, да му се довериме. Очајувањето ја одзема надежта, го одзема погледот и не затвара како со ѕид. А од таму не може да се излезе. Но Господ е стрплив – истакна Папата и знае што треба да се направи за да излеземе од таа состојба.

Како што се случи со учениците од Емаус кои го препознаа кога го прекрши лебот, и ние да се надеваме на Господ - поттикна Папата. Тој секогаш нѐ следи на нашиот пат и во најтешките моменти. Да бидеме сигурни дека Господ никогаш не нѐ напушта, секогаш е со нас, па и во тешките моменти. И да не прибегнуваме кон очајување, тоа не ни прави добро. Очајувањето му наштетува на нашето срце – рече на крајот Светиот Отец. (го*ко)







All the contents on this site are copyrighted ©.