2013-04-03 17:04:23

Папата на Генералната аудиенција: Ние веруваме во Воскреснатиот, кој го победи злото и смртта!


Педесет илјади поклоници, меѓу кои десетина илјади од Миланската архиепископија под водство на кардинал Анеџело Скола, денес се собраа на втората Генерална аудиенција на папата Фрањо, кој на плоштадот Свети Петар беше пречекан со бурен аплауз.

Папата во отворено возило помина низ плоштадот Свети Петар поздравувајќи се со верниците и како обично во прегратки ги благословуваше децата. Како што најави минатата среда, Светиот Отец продолжи да обработува катехези поврзани со Година на верата, кои што ги започна неговиот претходник папата Бенедикт XVI.

Ние веруваме во Воскресението Христово, рече пата Фрањо. Посебно ја истакна примарната и важната улога на жените, бидејќи со вера ја прифатија и ја пренесоа веста за Воскресението.

Надежта дека Исус е жив не може да се сокрие, иако имаше често обиди да се потемне верата во Исусовото воскресение, па дури тој соменеж се вовлече и во некои верници. Причина за тоа е површноста, рамнодушноста, окупираноста со бројни работи кои сметаме дека се поважни од верата или пак поради само овоземското сфаќање на животот.

Не можеме таа радост, дека Исус е жив, да ја чуваме само за себе, радост која го исполнува срцето. Да ја почувствуваме радоста бидејќи сме христијани! Ние веруваме во Воскреснатиот, кој го победи злото и смртта! Да имаме храброст и да „излеземе“ за да ја пренесеме таа радост и светлина на сите места од нашиот живот.

Меѓутоа токму Воскресението го отвара патот за најголемата надеж, бидејќи го отвара нашиот живот и животот на светот кон вечната иднина, кон Бог, вистинската среќа и сигурност дека злото, гревот и смрта можат да бидат совладани. Тоа, според зборовите на Светиот Отец, овозможува да ја живееме секојдневната ставарност и со неа храбро и одговорно да се бориме.

Во катехезата Папата посебно истакна дека жените и мајките се задолжени да сведочат дека Исус е жив и дека воскресна. За Бог е важно срцето и поради тоа жените во Црквата имале и денес имаат и посебна улога во отварањето на врата за Господ.

Гледајќи дека на плоштадот се приустни големо мноштво млади, Папата на крајот спонатно додаде: „Гледам дека на плоштадот има многу млади. Тука сте! Ви порачувам: носете ја во светот токму таа сигурност: Господ е жив и нè следи во животот. Тоа е нашето послание! Пренесувајте ја таа надеж. Бидете цврсто поврзани со таа надеж: држете го цврсто јажето, тоа сидро кое е на небото; бидете закотвени и пренесувајте ја надежта. Вие Исуовите сведоци, го пренесувате сведоштвото дека Исус е жив и тоа ќе ни даде надеж, ќе даде надеж на овој помалку „остарен“ свет поради војните, злото и гревот. Напред млади!“ го*ко







All the contents on this site are copyrighted ©.