2013-04-02 14:08:02

Папата Фрањо се поклони на гробовите на своите претходници


На Светол Понеделник, Папата Фрањо ја посети криптата во базиликата Свети Петар и се поклони на гробовите на своите претходници: Бенедикт ХV, Пио XI, Павле VI и Иван Павле II. Пред тоа Папата го посети гробот на Свети Петар, кој се наоѓа под централниот олтар на базиликата, останувајќи во кратка молитва. При посетата Папата беше придружуван од кардиналот Анџело Комастри, ректор на базиликата Свети Петар, од својот личен секретар монс. Алфред Ксуереб, како и одговорните лица на криптата. По 45 минутната посета Папата срдечно ги поздрави вработените во криптата и пешачејќи се упати кон домот Света Марта, каде што престојува Папата.

Археолозите во 1939 година под базиликата Свети Петар открија еден дел од некропола, во која се наоѓа споменик од 2 век, за кој постојат докази дека се работи за гробот на Свети Петар. Над ова место цар Константин во 4 век започнува градба на црква, врз која денес е изградена базиликата Свети Петар.







All the contents on this site are copyrighted ©.