2013-04-02 14:11:15

Осум години од смртта на блажениот Иван Павле II. Кардинал Бергољо: Иван Павле II не се плашеше, бидејќи беше оформен од Божјата волја


На денешен ден пред осум години, 2 април, блажениот Иван Павле II се пресели во Домот на Отецот. Папата Војтила беше поврзан со Хорхе Марио Бергољо, кој во 1992 го именува за епископ, а 2001 го именува за кардинал. Донесуваме кратки цитати од две проповеди на тогашниот кардинал Бергољо поврзани за Иван Павле II:

„Иван Павле II не се плашеше, бидејќи својот живот го помина размислувајќи за Воскреснатиот Господ“. Овие зборови кардинал Бергољо ги изговори на 1 мај 2011 година во катедралата во Буенос Аирес. На тој ден во Рим беше беатификацијата на Карол Војтила, но и во Аргентина Црквата го прославуваше овој ден. Иван Павле II – нагласи идниот папа Фрањо – не се плашеше и токму затоа ги „скрши диктатурите“.

„Храброста, постојаноста која ни ја два Христовото Воскресение - истакна во таа прилика – е радост бидејќи ни е простено преку милосрдието Божјо, одземајќи ни го стравот.“ и заврши дека „и денес може да оддекнуваат во нашето срце зборовите на Исус и на блажениот Иван Павле II: „Не плашете се!“

Шест години порано на 4 април 2005 година, архиепископот од Буенос Аирес служеше света Литургија во спомен на блажениот Војтила и тоа два дена по неговата смрт. Иван Павле II – во таа прилика рече – беше постојан сведок Господов кој беше во заедништво со својот народ, „човек поврзан со Бог“. Секое утро доследно поминуваше „многу часови во обожавање“ и затоа „дозволи да биде исполнет со Божјата сила“. Поврзаноста не се купува, поврзаноста се проучува“, истакна идниот папа Фрањо. Поврзаноста се „негува во срцето при обожавањето“. Верувам дека за Иван Павле II можеме да кажеме дека беше доследен човек, бидејќи дозволи да биде оформен од Божјата волја.“ Во време во кое ни се потребни многу повеќе сведоци од учители Иван Павле II живееше потполно и до крај и токму затоа стана тоа: верен сведок!, заврши тогашниот архиепископ од Буенос Аирес.







All the contents on this site are copyrighted ©.