2013-04-02 17:46:42

Ерусалим: Латинскиот патријарх го покани папата Фрањо во Светата Земја


„За да има резултати, новата евангелизација треба да започне од првата христијанска заедница во Ерусалим. Затоа го обновувам повикот до сите верници од целиот свет, на чело со папата Фрањо, да дојдат во Светата Земја“. Овој повик го упати латинскиот патријарх во Ерусалим Фуад Туал за време на Литургијата на првиот ден од Велигден, која ја служеше на Божјиот гроб. „Господ нѐ поканува да ја шириме светлината на верата на Блискиот Исток“, истакна патријархот Туал. Голем дел од неговата проповедта беше посветена на страдањата на Црквата, жртвите на Граѓанската војна во Сирија, бегалците и христијаните во Светата Земја, кои се во „искушение да емигрираат“. „Меѓународната заедница има обврска да преземе конкретни и ефикасни мерки за да се најде избалансирано и праведно решение за палестинскиот случај, која е основа за тензиите во целиот регион“, изјави патријархот Туал.








All the contents on this site are copyrighted ©.