2013-03-31 11:39:47

Папата на Воскресното бдение: Да не се плашиме од новостите и од Божјите изненадувања


Во пораката на надеж во текот на Воскресното бдение во базиликата Свети Петар папата Фрањо му порача на светот да не се плаши од новости ниту од Божјите изненадувања. Кога се случува нешто навистина ново во секојдневието, ние застануваме, не сфаќаме и не знаеме како да се соочиме со тоа, бидејќи новостите нѐ плашат. Тоа истото се однесува и за новости кои доаѓат од Бог - рече Папата, кој во воскресната ноќ крсти четири катакумени: од Албанија, Италија, Русија и еден Американец со виетнамско потекло. Папата ги предупреди верниците дека често како и апостолите се држиме до нашата сигурност, ќе застанеме до гробот, мислиме на мртвите, затоа што во нас живеат само спомените од минатото. Папата им препорача на верниците да не се затвараат пред новостите што Бог сака да ги внесе во нивните животи, па и тогаш кога сме уморни, разочарани, нажалени и кога ја чуствуваме тежината на нашите гревови кога мислиме дека нема да успееме. Според Светиот Отец, Не смееме да се затвориме во себе и да ја изгубиме довербата. Не смееме никогаш да се помириме со судбината, затоа што нема ситуација која Бог не може да ја промени. Нема грев кој Бог не може да го прости, ако му се отвориме. Светиот Отец ги потикна верниците да мислат на она што Бог го направил во нивниот живот и да допуштат Воскреснатиот Исус да влезе во нивните животи и да го прифатат како пријател со доверба. Во ова света ноќ по заговор на Блажена Девица Марија, која грижливо ги чувала во своето срце сите настани, да бараме Господ да ни овозможи да станеме соучесници во неговото восресение, рече Папата во проповедта на Литургијата на воскресното бдение на кое се собраа околу десет илјади верници.







All the contents on this site are copyrighted ©.