2013-03-29 09:28:24

Папата Фрањо именува нов архиепископ на Буенос Аирес


Папата Фрањо го именува архиепископот монс. Марио Аурелио Поли за митрополит на архиепископијата во Буенос Аирес, соопшти на 28 март Канцеларијата за печат при Светата Столица.

Монс. Марио Ауреилијо Поли е роден во Буенос Аирес на 29 нoември 1947 година. За свештеник е ракоположен на 25 номеври 1978 година. На Папскиот католички универзитет во Аргентина станува доктор по теологија Во 2002 година е именуван за титуларен епископ на Абид и помошен епископ на Буенос Аирес.

Хиротонисан е на 20 април 2002 година, а на 24 јуни 2008 година е именуван за епископ на Санта Роза. Папата Фрањо го именува за негов наследник на архиепископијата Буенос Аирес.

При Епископската конференција на Аргентина бил член на комисијата за католичко воспитување и на комисијата за Свети Тајни. Во моментов е претседател на Комисијата за катехисти и комисијата за библиско- пасторална дејност.








All the contents on this site are copyrighted ©.