Папата го одбри декретот за прогласување на нови блажени
Папата Фрањо во четврток, 28 март го одобри објавувањето на декретот за прогласување
на 63 блажени и седум нови слуги и слугинки Божји, жртви на Шпанската граѓанска војна,
комунистичките режими во Источна Европа, како и нацизмот. Меѓу новите блажени е прогласен
и младиот италијански семинарист Роландо Риви, кој во 1945 година на варварски начин
е убиен од партизаните. Тој е убиен поради омраза на партизаните кон верата, а 14
годишниот семинарист ја посведочил својата безусловната љубов кон Исус. Папата
Фрањо на 12 мај ќе прогласи нови светци. Се работи за мачениците Антонио Прималдо
и неговите следбеници. По заземањето на нивниот град Отранто од страна на Османлиите,
се убиени во 1480 година, бидејќи одбиле да преминат на ислам.