2013-03-28 10:26:01

Папата по Велигден ќе ја преземе Латеранската базилика


Папата Фрањо во неделата по Велигден, на 7 април 2013 година во рамките на света Литургија ќе ја преземе базиликата свети Иван Латерански, ова го изјави отец Ломбарди на прес конференција во среда. Оваа базилика по традиција е Катедрална црква на римскиот епископ. Преземањето на базиликата свети Иван Латерански е предвидено со Апостолската конституција „Universi Dominici Gregis“, каде што се вели дека преземањето треба да се „случи во разумен рок“.

Базиликата Свети Иван Латерански е римска катедрала, службено црковно седиште на римскиот епископ, односно папите. Официјалниот назив на латински гласи: Archibasilica Sanctissimi Salvatoris et sancti et Iohannes Baptista Evangelista in Laterano (македонски: Архибазилика на Пресветиот Спасител, Свети Иван Крстител и Свети Иван Евангелист во Латеран. Таа е најстара и прва по важност (како римска катедрала) меѓу четирите големи папски базилики во Рим и носи почесен наслов на латински Omnium urbis et orbis ecclesiarum mater et caput, односно Мајка и глава на сите Цркви во Рим и во целиот свет.

Петкорабната базилика датира од 4 век од времето на Константин Велики. Со текот на времето многу пати е реновирана и обновувана.

Самата базилика се наоѓа во градот Рим, надвор од границите на Ватикан, меѓутоа со Латеранскиот договор базиликата има посебен екстериторијален статус и припаѓа на Светата Столица.







All the contents on this site are copyrighted ©.