2013-03-28 13:50:15

Направени измени на Папскиот грб


Грбот на папата Фрањо е изменет во однос на првата верзија која беше објавена веднаш по неговиот избор за Папа. Во новата верзија има промена во ѕвездата која ја симболизира Пресвета Богородица, Мајката Христова и Мајка на Црквата, па така наместо првично замислените пет зрака, во конечната верзија има осум, што воедно е бројот на блаженствата. Освен тога, графички е изменет нардовиот цвет, која го симболизира свети Јосиф, заштитникот на Црквата, така што во новата верзија повеќе личи на цвет. Мотото „miserando atque eligendo” е напишано на бела лента со црвени рабови и е вметнато под штитот. Непроменет остана средниот симбол на Дружбата Исусова.








All the contents on this site are copyrighted ©.