2013-03-28 17:19:24

Куба: Велики Петок неработен ден


Преседателот на Куба Раул Кастро со декрет го прогласи Велики петок за државен празник. Во март 2012 година, по посетата на папата Бенедикт XVI на Куба, Раул Кастро еднократно го прогласи за државен празник Велики петок. Со најновиот декрет Велики Петок е прогласен за трајно неработен ден. „Раководството на земјата одлучи 29 март да биде неработен ден“, соопштија од државната управа.

Генералниот секретар Епископската конференција на Куба монс. Хосе Феликс Перез ја поздрави ова одлука: „Поради големиот број на католици во земјата многу сме задоволни од ова вест.“








All the contents on this site are copyrighted ©.