2013-03-27 09:26:33

Претставување на документарниот филм „Папата Фрањо“


Во филмот „Папата Фрањо“ се забележани главните настани од повлекувањето на Бенедикт XVI, па сè до средбата помеѓу папата Фрањо и неговиот претходник во Кастел Гандолфо во саботата на 23 март. Во среда 27 март ќе се одржи прес конференција за новинарите на која ќе биде претставен документарниот филм „Папата Фрањо“ во продукција на Ватиканскиот телевизиски центар.

Документарниот филм ќе се дистрибуира како прилог на дневниот весник Кориере дела сера (Corriere della Sera) на 2 април оваа година.

Филмот ќе го претстават претседателот на Папскиот совет за комуникација монсињор Клаудио Мариа Чели, директорот на Ватиканскиот телевизиски центар монсињор Дарио Едуардо Вигано и директорот на дневниот весник Кориере дела сера (Corriere della Sera) Феручо Де Бартоли.








All the contents on this site are copyrighted ©.