2013-03-27 16:07:40

Папата на Генералната аудиенција: Да излеземе од самите себе


Денес папата Фрањо ја одржа својата прва Генерална аудиенција на плоштадот Свети Петар. Присутните 20.000 верници од целиот свет, папата ги поздрави со неговиот карактеристичен поздрав „Браќа и сестри, добар ден“ (Fratelli e sorelle, buon giorno!)

Папата најави дека по завршувањето на Велигденските празнувања ќе започне со катехези поврзани со Година на верата, кои беа започнати од неговиот „возљубен претходник папата Бенедикт XVI“. Денешната катехеза Светиот Отец ја посвети на Страсната седмица, срце и духовно средиште на целата Црковна година и повика сé повеќе да се навлегува во Божјата логика, во логиката на љубовта и Евангелието, да се следи Христос и да се излезе од самиот себе.

Да се остане со Исус значи да се крене, да се излезе од самиот себе и да не останеме заглавени во уморна вера по навика, пишува папата Фрањо во неговата Твитер порака која беше испратена за време на Генералната аудиенција. Во Страсната седмица христијаните го следат Исус на неговата последна етапа од неговиот земски живот, страдање, смрт и воскресение. Да се оди со Исус по неговиот пат, до крстот и воскресението – што значи ова, праша Папата.

За време на неговиот јавен живот Исус беше секогаш на пат. Одењето е основа на неговата мисија. При тоа повика со себе дванаесет едноставни мажи, кои ги охрабри да останат со него, да учествуваат на неговиот пат, и на крајот да го продолжат неговото дело. Оваа задача, ова послание, е за да се отворат вратите за Господ Бог, кој како таткото на блуднот син „од терасата на неговата куќа погледнува, дали ќе се врати.“ Исус не правеше разлики меѓу луѓето и говореше на сите, на големи и мали, говореше на младиот богат човек и сиромашната вдовица, на силните и слабите, „тој го донесе милосрдието и простувањето Божјо, тој лекуваше, утешуваше, разбираше, даваше надеж, на сите им ја донесе присутноста Божја, се интересираше за секој маж и жена, како што тоа го прави секој добар татко и добра мајка кон своето дете.“

Исус не чекаше ние да одиме кај него, туку тој се стави во движење, појде да не пресретне, без пресметки и мерки, рече папата Фрањо. Исус го живееше секојдневието на едноставните луѓе. Во Исус „Бог ни даде сигурност, дека тој е со нас, меѓу нас.“ Така тој нема дом, „неговиот дом се луѓето.“ Неговото послание е на сите да им ги отвори вратите за Бог, да биде присутна љубовта Божја.

Страсната седмица ги повикува христијаните, да се упатат на еден дел од овој пат. Влезот во Ерусалим, Последната вечера и смртта на крстот се потврда на неговата љубов и неговото потполно дарување. Христос им се дарува на луѓето, неговото Тело и неговата Крв за да биде секогаш со нас, за да живее меѓу нас. Христос не сака ништо да задржи за себе, дури ни својот живот. Со Исус да се оди значи да се расчисти. Со него да се оди значи да се препуштиме на креативната љубов Божја, која што ги води луѓето во живот. Бог им се дарува на луѓето, како ние би живееле за нашите ближни и неговата љубов да биде меѓу нас плодоносна. Папата повика, Словото Христово внимателно да го слушаме и неговата милост да ја примиме преку Светата Тајна Исповед и Причест. „Им посакувам на сите, овие денови да ги прославиме со дарување и нашите ближни да ги обдариме со зракот на Божјата љубов. Благословен Велигден на сите!

На крајот од првата Генерална аудиенција на плоштадот Свети Петар, папата Фрањо упати апел за прекин на насилството во Централноафриканската република:

"Внимателно ги следам случувањата во Централноафриканската Република и се молам за сите кои страдаат, посебно за роднините на жртвите, повредените и сите кои го изгубиле својот дом и се принудени да бегаат. Ги повикувам веднаш да престане насилството и грабежите и за кратко време да се најде политичко решение за кризата, со што ќе се поврати мирот и соживотот во оваа земја, која долго време е со конфликти и поделби".







All the contents on this site are copyrighted ©.