2013-03-27 09:40:30

Молитва на петте прсти (составена од папата Фрањо додека бил архиепископ во Аргентина)


1. Палецот ти е најблискиот прст, така од него почни да молиш за оние кои ти се најблиски. На нив најлесно ќе се сетиш. Молењето за оние кои ги сакаме е “слатка задача”.

2. Следниот прст е показалецот. Моли се за оние кои подучуваат, воспитуваат и лекуваат. На нив им е потребна поддршка и мудрост во водењето на другите по вистинскиот пат. Сочувај ги во своите молитви.

3. Третиот прст е најголем. Нѐ потсетува на нашите водачи, нашите власти, оние кои имаат власт. Ним им е потребно Божјо водство.

4. Изненадувачки, четвртиот прст се покажал како најчувствителен. Тој нè потсетува да молиме за немоќните, болните и луѓето потиснати со проблеми. Потребна им е твојата молитва.

5. И на крајот, ни преостана малиот прст, најмалиот од сите. Малиот прст, мора да те потсетува да се молиш за себе. Кога ќе завршиш со молитвите за првите четири групи, ќе ги согледаш поправилно своите потреби и ќе бидеш подготвен покорисно да се молиш за себе.








All the contents on this site are copyrighted ©.