2013-03-26 17:28:20

Папата останува да живее во домот Света Марта


Папата Фрањо ќе остане да живее во домот Света Марта. Ова го потврди во вторник попладне гласноговорникот на Ватикан, отец Федерико Ломбарди. „И понатаму“ Папата нема да се пресели во апартманот во Апостолската палата каде престојуваа неговите претходници. Ломбарди рече: Папата ќе се обиде да живее нормален живот, во заедништво со другите“. Тој додаде дека во домот Света Марта обично постојано престојуваат околу педесет прелати, кои извршуваат некоја служба во Ватиканската курија. Папата Фрањо ќе остане во собата со број 201 во домот Света Марта, која е малку поголема од останатите. Апартманот во Апостолската палата папата Фрањо го користи за аудиенции и средби. И ова утро во капелата на домот Света Марта папата служеше света Литургија.










All the contents on this site are copyrighted ©.