2013-03-25 17:31:32

Папата Фрањо ги повика Исусовците да се молат за него


Одговарајќи на писмото добиено од Генералниот провинцијал на Дружбата Исусова патер Адолфо Николас Пахон, во кое му го честита изборот за Папа, Светиот Отец во својот одговор истакнува дека го моли Господ да ги просветли и следи сите Исусовци, да бидат верни на добиената харизма. Папата ги повика Исусовците на посилно пасторално делување, и пред сè да сведочат со својот живот за да му се навести на светот евангелската порака.

Папата Фрањо истакнува дека со голема радост го примил писмото од Генералниот провинцијал на Дружбата Исусова патер Адолфо Николас Пахон во кое ја истакнува желбата сите Исусовци да продолжат безусловно да и служат на Црквата и на Христовиот Викар според правилата на свети Игнациј од Лојола. Папата му се заблагодарува на тоа и ги моли сите да се молат за него, ставајќи се под заговор на Небесната Мајка Марија и им подели апостолски благослов на сите Исусовци и на оние со кои Исусовците работат и имаат учество во нивната духовност и харизма. Папата се потпиша едноставно како „Фрањо







All the contents on this site are copyrighted ©.