2013-03-25 10:47:30

Калдејскиот патријарх го повикува папата во Ирак


Калдејскиот патријарх Луиз Рафаел I Сако го повика папата Фрањо да го посети Ирак. Токму како што свети Фрањо од Асизи пред 800 години се сретна во Египет со султанот, „се надеваме дека и сега папата Фрањо ќе може да дојде во Ирак, за да ги зацврсти во верата христијаните и да го охрабри и влее надеж на тоа мало стадо во татковината на Авраам“ – се вели во интервјуто на патријархот Сако, дадено на 22 март за римската агенција Азија њуз. Калдејскиот патријарх го повика Папата во Ирак и Светиот Отец изрази желба да ја посети Месопотамија, земјата од која Авраам појде на својот пат на вера.
Патријархот додаде дека бил воодушевен од „едноставноста и спонтаноста“ на папата Фрањо. Папата бил длабоко погоден од информацијата на патријархот дека во текот на последните десет години во Ирак се убиени околу илјада христијани, а околу 60 цркви се нападнати. „Папата со солзи во очите рече дека сочувствува со болките на христијаните во Ирак... Го замолив да се сретне и со муслиманите, како свети Фрањо.“ Кога поглаварот на Католичката Црква ќе му говори на исламскиот свет, „нас христијаните повеќе ќе не почитуваат“ - наведува патријархот Сако.








All the contents on this site are copyrighted ©.