2013-03-24 14:11:40

Папата на Цветници: Со Христос можеме да се преобразиме самите себе и светот


Цветници на плоштадот Свети Петар: околу 250.000 верници пристигнаа заедно со папата Фрањо да го прослават празникот и да влезат во Страсната седмица. Радост, Крст, младост: со овие три збора се служеше папата Фрањо во неговата проповед.

Никогаш не бидете тажни луѓе: Никогаш не треба да биде таков христијанинот! – укажа папата на верниците во својата проповед: Не дозволувајте да ве надвладее обесхрабреноста! Нашата радост не произлегува од поседување на многу нешта, туку од средбата со една личност: Исус.“

Причина за нашата христијанска радост и надеж е сознанието дека ние никогаш не сме осамени, „ дури и тогаш, кога нашиот животен пат се соочува со проблеми и препреки, кои ни изгледаат несовладливи“. Така треба оваа радост да биде пренесена на сите луѓе. Папата повика: Ве молам, не дозволувајте да ви биде одземена надежта!“

„Влегувањето на Христос во Ерусалим не беше пропратено со војска, како симбол на моќта. Неговиот престол е дрвото на Крстот!“ Папата Фрањо потсети на зборовите на Бенедикт XVI кои ги упати еднаш до кардиналите: „Вие сте 'кнезови', но на еден распнат Цар.“

Она што е важно, не е земската моќ. Моќта Христова „е моќ Божја, која се спротивставува на злото во светот: на гревот, кој што го осквернува лицето на човекот. Исус го зема врз себе злото, нечистотијата, гревот на светот – исто така и нашите гревови – ги зема врз себе и ги очистува, ги очистува со својата крв, со милосрдието, со љубовта Божја.

На крстот Исус ја чувствува тежината на злото, и со силата на љубовта Божја го поразува, го победува со неговото Воскресение: Драги пријатели, сите ние можеме да го поразиме злото, кое што е во нас и во светот: со Христос, со добриот! Така Крстот е „средство со кое што Христос го победи злото! Не смееме да му веруваме на злото кое ни вели: ништо не можеш да направиш против насилството, корупцијата, неправедноста, против твоите гревови! Никогаш не смееме да се навикнеме на злото! Со Христос можеме да се преобразиме самите себе и светот. Победата Христова на Крстот мораме да ја понесеме на сите и насекаде.“ Со љубов прифатениот Крст Христов „не нé води во жалост, туку во радост!“

Потоа папата Фрањо потсети дека на празникот Цветници веќе 28 години е ден на младите. Папата потсети на важноста на младите, кои имаат голема улога при празникот на верата: „Вие ни донесувате радост во верата и ни кажувате, дека верата треба да ја живееме со млади срца, и кога имаме седумдесет, осумдесет години. Со Христос срцето никогаш нема да е старо!“

Папата ги повика младите да не се срамуваат од Крстот: „Не, туку исповедајте го, бидејќи сфаќате дека во самодарувањето е вистинската радост и дека Бог со љубов го победува злото. Вие го носите поклоненичкиот крст низ континентите, низ улиците на светот! Вие го носите, а со тоа го прифаќате повикот Христов: „Одете меѓу сите народи и направете ги Мои ученици“ (Матеј 28,19); ова е и мотото на овогодишниот Светски ден на млади.

Папата Фрањо се упатува по стапките на папата Иван Павле II и Бенедикт XVI: Со радост го очекувам јули, во Рио де Жанеиро! Се надевам дека ќе се видиме во овој голем Бразилски град! Подгответе се добро, посебно во духовна смисла со вашите заедници, за да може таа средба да биде знак на вера за целиот свет. Младите мора да му кажат на светот: добро е да се биде со Исус!

На крајот од светата Литургија, папата го молеше Ангел Господов и ја замоли Пресвета Богородица за да нé следи во Страсната седмица: „Таа, која со длабока вера го следеше нејзиниот Син на Голгота, нека ни помогне, да одиме по него и со понизност и љубов да го носиме неговиот крст, за да ја почувствуваме воскресната радост!“

Богородица нека ги штити посебно оние, кои живеат во многу тешки ситуации. Посебно се спомнувам на лицата, кои се заболени од туберкулоза, кој што денешниот ден е посветен на борба против оваа болест.

Драги млади пријатели, на посебен начин на вашиот пат за Рио ви ја доверувам Мајката Божја. Подгответе се духовно!

Со неговиот апостолски благослов на крајот папата заврши со зборовите: Ви посакувам сѐ најдобро на вашиот пат!“








All the contents on this site are copyrighted ©.