2013-03-23 17:23:34

Свечено издание на Ватиканската пошта


Ватиканската пошта издаде свечен филателистички плик по повод почетокот на понтификатот на папата Фрањо. На пликот се наоѓа портрет од папата Фрањо од неговото прво појавување по изборот од ложата на базиликата Свети Петар. Печатот е од првиот ден од понтификатот, 19 март, а во средината на печатот се наоѓа стилизиран лик на папата Фрањо. Свечениот плик се наоѓа во папка на кој е испечатен животописот на папата Фрањо на италијански, шпански и англиски јазик.










All the contents on this site are copyrighted ©.