2013-03-23 10:06:36

Младите од Либан ја подготвија медитацијата за Крстниот пат


Медитацијата за четиринасетте постојки од Крстниот пат, кој ќе се одржи на Велики петок, 29 март кај Колосеумот, оваа година ја составија младите од Либан. Младите во медитацијата ги изнесуваат потешкотиите и надежта на народите на Блискиот исток. Така верниците собрани на познатиот амфитеатар на Флавиј и сите оние кои ќе го следат Крстниот пат преку медиумите ќе се запознаат со неправдите, поделбите меѓу христијаните, фундаментализмот и насилството кое ги мачи народите на Блискиот исток, но исто така и страдањата на целото човештво. Ватиканската издавачка куќа ќе ги објави текстовите за медитацијата во понеделник 25 март.







All the contents on this site are copyrighted ©.