2013-03-22 17:34:38

Папата служеше света Литургија за градинарите и хигиеничарите


Папата Фрањо служеше Света Литургија во капелата на домот Света Марта на која присуствуваа градинарите на Ватикан и вработените кои се грижат за чистотата на плоштадот Свети Петар. Литургијата беше вистинско изненадување за околу 30-те вработени кои со радост и воодушевување ја прифатија поканата на Папата.

Во проповедта Папата кратко проговори за евангелието каде што се говори за фарисеите кои сакаат да го каменуваат Исус: "Ако срцето ни и затворено - рече Папата - ако сме безчувствителни, секогаш ќе бидеме подготвени да фрлиме камења против другите. Но, ако срцето ни е отворено и имаме вера - истакна Папата - ние можеме да изградиме односи на љубов со другите. „По или пред светата Литургијата, истакна отец Федерико Ломбарди, директор на канцеларијата за печат - Папата има навика да седне на клупите заедно со верниците и да се помоли, во принцип седнува во последните редови."

"Да се присуствува на приватна Света Литургија со Папата не се случува секој ден", вели за Радио Ватикан Лучијано Чекети, шеф на ватиканската служба за уредување и чистота. „Ги посматрав лицата на вработените и сите излеговме од литургијата со насолзени очи. Литургијата беше многу едноставна, во голема блискост со оној кој само пред неколку дена го започна својот понтификат. Сите присутни имаа можност лично да го поздрават папата и накратко да зборуваат со него. Она што ни го препорача на сите е: "Молете се за мене".

Секое утро Папата Фрањо служи Света Литургија во капелата на неговиот привремен дом. На 21 март на литургијата учествуваа вработените од домот Света Марта заедно со монс. Лоренцо Балестрери, секретар на Конгрегацијата за епископи и личниот секретар на папата, отец Алфред Ксуереб.







All the contents on this site are copyrighted ©.