2013-03-22 17:14:46

Папата ги прими претставниците на Дипломатскиот кор акредитирани при Светата Столица


Мојата задача е да градам мостови меѓу сите луѓе, а во прв ред да се зајакне дијалогот меѓу религиите и заеднички да се сузбива сиромаштвото, им рече папата Фрањо на претставниците на Дипломатскиот кор, акредитиран при Светата Столица, кои во петок 22 март ги прими на посебна аудиенција.

Пред 185 дипломатски претставници папата Фрањо на италијански јазик, а не на француски како што е вообичаено во дипломатските кругови, истакна дека не можат да се градат мостови меѓу луѓето заборавајќи го Бог. Папата Фрањо во говорот ги претсави во јавноста насоките кои ќе го карактеризираат неговиот понтификат, а ќе биде концентриран на борба против сиромаштвото и во таа борба сака да ја вклучи и дипломатијата. Постојат многу причини што го избрав името на свети Фрањо од Асизи, човек кој е добро познат и надвор од границите на Италија и Европа и меѓу оние кои не ја исповедаат католичката вера, рече Светиот Отец и обајсни дека главна причина за изборот на ова име е љубовта која ја има кон сиромашните. Во светот ги има многу и тие страдаат многу. Спрема примерот на свети Фрањо Црквата секогаш настојуваше да им помогне и да ги намали нивните маки во сите краеви на светот. Верувам дека и многу од вас можат да потврдат дека христијаните настојуваат да помагаат на болните, сираците, бездомниците и сите кои живеат на работ од општеството, работејќи на изградба на похумано и поправедно општество.

Меѓутоа постои и еден друг вид на беда, а тоа е духовното сиромаштво на нашето време, која ги погодува и земјите, кои се сметаат за богати, забележа Папата. Светиот Отец истакна дека неговиот претходник тоа го нарече „диктатура на релативизмот“ во која човекот самиот себе се поставува како главно мерило со што го загрозува соживотот меѓу луѓето. Тоа е втората причина за изборот на името Фрањо од Асизи, кој на неговите современици им порача да работат околу изградбата на мирот. Меѓутоа нема вистински мир без вистината. Не може да има вистински мир, ако секој мери според своја мерка, ако секој може секогаш и сам да бара почитувања на права, не водејќи при тоа сметка за доброто на другите, почнувајќи од природата која на сите луѓе овде на земјата им е заедничка, истакна Светиот Отец. Тој додаде дека една од титулите на рисмкиот епископ „понтифекс“ – врховен свештеник – значи „градител на мостови“ помеѓу Бог и луѓето. Свети Фрањо сакаше со дијалог меѓу луѓето да гради мостови, за да би можел секој во другиот да пронајде не непријател или ривал, туку брат, кој треба да се прифати и прегрне, објасни папата Фрањо. Потоа истакна дека неговите родители потекнуваат од Италија и во него уште е жив дијалогот на места и култура, кои меѓусебно се одалечени, но денес стануваат сѐ поблиски, зависат едни од други и чувствуваат потреба за средба и создавање на вистински простори за вистинско братство. Спрема уверувањето на папата Фрањо во тоа религијата игра важна улога. Нема вистински однос без Бог и ако не се води сметка за другиот. Токму поради тоа е потребно да се зајакне дијалогот меѓу религиите, посебно со исламот, рече Папата нагласувајќи дека многу ја цени присутноста на исламските граѓани и верските претставници на свеченоста кога тој беше воведен во Петровата служба. Папата Фрањо смета дека исто така е потребно да се зајакне соочувањето со оние кои не веруваат за да не преовладуваат различности кои делат и израмнуваат, туку и во различноста да победи желбата за изградба на вистински односи меѓу народите. Според Папата потребно е да се сузбива материјалното и духовното сиромаштво и да се гради мир и мостови. На тоа сакам да ги повикам земјите кои ги претставувате. И во тоа ми помагаат мислите на свети Фрањо кој нè повикува на длабока почит кон целото создание и чување на животната средина, која често пати не знаеме да ја цениме, ниту пак добро да ја искористуваме, туку лакомо и на штета на другиот.







All the contents on this site are copyrighted ©.