2013-03-21 13:45:51

На Велики Четврток папата ќе служи Литургија во Казнено поправен дом
за малолетници


На Велики Четврток, 18 март, папата Фрањо предпладне ќе слави света Литургија со осветување на миро во базиликата Свети Петар, а попладне ќе го посети Казнено поправниот дом за малолетници Касал дел Мармо каде во 17.30 часот ќе ја служи Литургијата „Вечера Господова“, јави на 21 март канцеларијата за печат при Светата Столица.

Како што е познато Литургијата „Вечера Господова“ ја карактеризира навестување на заповедта на љубов и обредот миење нозе. Како архиепископ на Буенос Аирес, кардинал Бергољо имаше пракса оваа Литургија да ја слави во некој затвор, болница или со лица од работ на општеството.

Со ова е изменет распоредот за Страсната седмица кој што Папската канцеларија за богослужби ја објави на својата официјална страница. Останатите богослужби во Страсната седмица ќе се одржат според планираниот распоред. Во соопштението на канцеларијата за печат при Светата Столица исто така се потсетува дека папата Бенедикт XVI го посети Казнено поправниот дом Касал дел Мармо на 18 март 2007 година, каде што славеше света Литургија во капелата на „Милосрдниот Отец“.








All the contents on this site are copyrighted ©.