2013-03-20 11:11:39

Папата Фрањо му го честита именденот на Бенедикт XVI


На празникот свети Јосиф, 19 март, папата Фрањо во попладневните часови преку телефон му упати најсрдечни честитки по повод именденот на почесниот папа Бенедикт XVI и искажа благодарност лична и во име на Црквата за неговата служба. Како што пренесува Канцеларијата за печат при Светата Столица, разговорот беше долг и пријатен. Почесниот папа интензивно ги следеше настаните овие денови, а на посебен начин вчерашното славење, и на својот наследник му загарантира постојана близина во молитвата.








All the contents on this site are copyrighted ©.