2013-03-19 10:05:06

Париз: Состанок за примена на зрелите матични клетки


„Матични клетки: какви се терапевтските надежи?“ Тоа е темата на тркалезната маса што ќе се одржи на 19 март во Париз во институтот „Де Бернардин“. Со ова се иницирани циклус средби под наслов „Вторниците на Бернардин“ (Les Mardis des Bernardins) организирани од познатиот институт на кои се разгледуваат актуелни прашања на денешницата. Во соопштение од институтот може да се прочита за откритието на добитниците на Нобеловата награда за медицина доделена во октомври минатата година на Јапонецот Шанија Јаманака и Британецот Џон Гордон, за препрограмираните зрели матични клетки, „Индуцирани плурипотентни матични (ИПС) клетки, кои се морално проблематични“ или попрецизно за „идентитетот на човековата личност и основните вредности на нашата култура.“ До која фаза е дојдена терапевтската примена на испитувањата врз различните матични клетки? Дали мобилната терапија е најдобриот придонес на медицината за иднината? Овие се некои од прашањата на кои ќе бараат одговор Антоан Лафон, кардиолог, шеф на тимот U970 за „артеријално обновување“, Жан-Жак Латеијанд, претседател на француската компанија за „биомедицински инжинеринг на клетки и ткива“, Жрож Узан од ХІ Париски универзитет, отец Брис де Мелерб, теолог од Факултетот „Нотердам“ и раководител на одделот за „биомедицинска етика“ на институтот „Де Бернардин“.







All the contents on this site are copyrighted ©.