2013-03-19 15:24:39

Папата телефонски ги поздрави верниците пред катедралата во Буенос Аирес


Илјадници Аргентинци на 19 март се собраа на главниот плоштад Плаза де Мајо пред катедралата во Буенос Аирес за да ја следат директно преку видео линија интронизацијата на Папата Фрањо. Присутните беа изненадени кога рано наутро го слушнаа гласот на Папата кој преку телефон се обрати на насобраните верници: Драги синови, знам дека сте на плоштадот. Знам дека молите... многу ми се потребни вашите молитви.“ Папата им благодари и ги замоли за една услуга: ве молам меѓу вас да владее заедништво, да се грижите едни за други и да не си правете зло едни на други. Грижете се за своите семејства, чувајте ја природата, заштитувајте ги децата, грижете се за старите, меѓу вас нека нема омраза, нека нема кавги, отфрлете ја љубомората, никој не повредувајте. Разговарајте, меѓу вас нека има искрена желба едни други да се заштитувате. Потоа Папата ги повика Аргентинците да се приближат до Бог: „Бог е добар, секогаш простува, нè разбира, не плашете се, тој е Отец, приближете му се. Пресвета Богородица нека ве благослови, не го заборавајте овој епископ, кој е далеку, но многу ве љуби. Молете се за мене








All the contents on this site are copyrighted ©.