2013-03-19 09:48:15

Вартоломеј на интронизација на Папата


Цариградскиот екуменски патријарх Вартоломеј во вторник 19 март ќе биде присустен на светата Литургија во базиликата Свети Петар во Ватикан, на која папата Фрањо ќе биде интронизиран и официјално ќе го започне својот понтификат. Неговото присуство е посебно важно затоа што ова ќе биде прв пат од поделбата на Црквата во 1054 година еден екуменски патријарх да присуствува на интронизација на Папа. Заедно со патријархот Вартоломеј ќе биде и митрополитот пергамски Јован Зизулас, еден од најголемите православни теолози кој е и преседател на православната страна во теолошкиот дијалог меѓу двете Цркви. Од име на Московскиот патријарх, во Рим ќе биде митрополит Хиларион (Алфеев), задолжен за надворешни работи. Во Ватикан е соопштено дека на интронизацијата ќе присуствуваат претставници од 180 држави.








All the contents on this site are copyrighted ©.