2013-03-17 17:31:51

Исусовата порака е милосрдие


Во првата недела од својата папска служба, папата Фрањо служеше света Литургија во црквата Света Ана во Ватикан. Црквата се наоѓа на истоимениот влез од Рим во Ватикан, која секојдневно ја посетуваат голем број верници. На Светата Литургијата учествуваа и вработени во Ватикан, како и жители на квартот Борго. Осврнувајќи се на Евангелието од денешната петта недела од постот во проповедта папата забележа дека често со задоволство осудуваме, измислуваме и удираме по другите, но Бог е милосрден.

„Прекрасна глетка. Исус најпрво останува сам и моли на гората. Моли сам. А потоа оди пак во храмот и народот го следи. Исус меѓу народот. И на крајот останува сам со жената“.

Таа Исусова осаменост е плодна осаменост. Молитвата со Отецот е толку убава за да ја избере Црквата како порака за денешната недела. Се работи за порака на милосрдие кон таа жена - рече папата и истакна дека постои разлика меѓу народот кој го следи Исус. Го следел и го поучувал. Народот сакал да ги слуша Исусовите зборови. На народ со отворено срце му е потребно Божјото Слово. Имало меѓу нив и други, кои ништо не почуствувале, а не ни можеле - додаде папата Фрањо, бидејќи сакале да ја осудат таа жена. Исусовата порака е милосрдие. Тоа е - според уверувањето на папата- најсилна Божја порака. Исус сам рече дека не дошол за праведниците, туку за грешниците. Исус дојде заради нас за да признаеме дека сме грешници и да побараме од него простување, рече папата Фрањо.

Со папата на Светата Литургија сослужувале кардинал Анџело Комастри и кардиналот од Малта Проспер Грех. Пред да влезе во црквата папата ги поздрави верниците, а посебно внимание обрна на децата. Луѓето буквално навалија на него, сакајќи да го се допрат до него и да прозборат со него неколку збора. Исто така верници од раните утрински часови го наполнија плоштадот Свети Петар сакајќи да го поздрават и слушнат неговиот прв наговор со молитвата Ангел.








All the contents on this site are copyrighted ©.