2013-03-16 18:19:51

Папата до новинарите: Мора напорно да работите


На првата јавна аудиенција во саботата претпладне папата Фрањо ги прими претставниците на медиумите. На оваа аудиенција Папата им заблагодари на медиумите за нивната професионалност за време на испразнетиот Престол како и за време на конклавите. „Мора напорно да работите!“ - рече со насмевка во неговиот краток говор пред повеќе илјади новинари, фоторепортери, телевизиски и други медиумски работници. Истовремено папата Фрањо стави до знаење дека не Папата, туку Христос мора да биде центарот на Црквата и вниманието на јавноста мора да биде свртено кон него.

Неговото папско име го избра врз примерот на свети Фрањо од Асизи и неговиот живот, неговото застапување за сиромашните, мирот и животната средина, изјави папата. За време на конклавите тој седеше покрај поранешниот архиепископ од Сан Паоло, Клаудио Хумес. Кога изборот падна на него, Хумес го прегрна и му рече: „Не ги заборавај сиромашните“. Овие зборови имаа исто така придонес во изборот на ова име. „Посакувам сиромашна Црква, која е тука за сиромашните“., рече Папата.

Папата во неговиот говор до новинарите потсети дека за Црквата Христос е центарот. Не Папата, туку Христос е појдовната точка за разбирање на верата и Црквата. Од тука Црквата не е политичка, туку духовна стварност. Таа е „народ Божји, кој е на пат за средба со Исус Христос“. „Христос е пастирот на Црквата, но неговата присутност се случува во историјата преку слободата на луѓето. Од нив се избира еден да биде негов намесник за да служи, како наследник на апостол Петар. Но Христос е центарот, а не наследникот на Петар, Христос, рече папата Фрањо.

За да се разберат случувањата во Црквата, човек мора да ја вклучи и димензијата на вера. За да се известува за Црквата не е покомлицирано отколку кога се известува за политичките или економските случувања, „но Црквата не ја следи таа логика, која што припаѓа на световната категорија. Значи тоа не е едноставно да се разбере и да се комуницира со една многу широка и многу различна јавност.“

Новинарската работа има потреба од образование и искуство, како и другите професии, но оваа професија на еден посебен начин се свртува кон вистината, доброто и убавината. „Ова нѐ повикува да бидеме поблиски, бидејќи и Црквата настојува токму тоа да го навестува: вистината, доброто и убавината. Сите ние сме повикани, не самите себе да се навестуваме, туку овие три важни карактеристики, кој што се градат со вистина, добро и убавина.

Во минатите денови и недели околу 6.000 медиумски работници известуваа од Рим за конклавите и изборот на Папата. Меѓу нив 600 новинари кои известуваат постојано од Ватикан.







All the contents on this site are copyrighted ©.