2013-03-16 09:51:28

Нови изданија на Ватиканската пошта


Ватиканската пошта издаде посебни плика со печат од првиот ден на конклавите по повод нивното започнување. На пликот е испечатена фотографија од влегувањето на кардиналите во Сикстинската капела. На поштенска марка од пликот пишува „Sede vacante" од 70 центи и печат со натпис "Apertura Conclave Poste Vaticane 12.03.2013", во средината е залепен стилизиран приказ од влегувањето во капелата. Второто издание е објавено по повод изборот на Папата. На пликот е прикажана статуа на свети Петар пред ватиканската базилика, а во позадина бел чад од Сисктинската капела. На пликот се наоѓа и поштенска марка со приказ на Светиот Дух и базиликата Свети Петар од 75 центи, како и печат од првиот ден со натпис „Habemus Papam, Poste Vaticane 13.03.2013". Во средината има стилизиран мотив на Папата од првото појавување од ложата на базиликата Свети Петар.








All the contents on this site are copyrighted ©.