2013-03-16 18:17:12

Наредната сабота папата Фрањо ќе се сретне со почесниот папа Бенедикт


Сега веќе е официјално. За една седмица, односно наредната сабота 23 март во Кастел Гандолфо ќе се сретнат папата Фрањо и почесниот папа Бенедикт. Ова е јавено денес од Ватикан. Папата на ден пред Цветна недела, ќе го посети почесниот папа во Кастел Гадолфо, а утредента на плоштадот Свети Петар ќе слави света Литургија пред почетокот на Страсната седмица. За следниот понеделник, 18 март, е планирана аудиенција со претседателката на Аргентина Христина Фернандез де Кирхнер.

Утре 17 март Папата ќе слави света Литургија во парохиската црква Света Ана, прва за јавоста. Во недела попладне папата Фрањо заедно со верниците на плоштадот Свети Петар ќе моли Ангел Господов.

Во вторник, 19 март со почеток од 9.30 со свечена Литургија на плоштадот Свети Петар официјално ќе ја преземе Петровата служба. По светата Литургија во базиликата Свети Петар ќе ги прими честитките од државниците, како и од официјалните делегации. Се очекуваат околу 180 официјални државни делегации.

Во среда 20 март во салата Клементина ќе се сретне со преставниците на другите христијански Цркви, кои ќе бидат присутни во Рим. Meѓу другите на светата Литургија во вторникот е највено присуството на Екуменскиот патријарх од Цариград Ватоломеј I. За петокот е планирана првата средба на Папата со дипломатите кои се акредитирани при Светиот Престол.







All the contents on this site are copyrighted ©.