2013-03-15 11:08:16

Средба на отец Ломбарди со новинарите по изборот на папата Фрањо


Директорот на канцеларијата за печат при Светата Столица отец Федерико Ломбарди по изборот на папата Фрањо се обрати до новинарите од целиот свет собрани во Медија центарот, пренесува италијанската програма на Радио Ватикан. Истакна дека резултатот од конклавите е „избор кој апсолутно ја отфрла моќта и го избира чистото служење.

Папата Фрањо веќе вчера разговараше по телефон со Бенедикт XVI, потврди директорот на канцеларијата за печат при Светата Столица и притоа ги најави следните обврски на Светиот Отец. На многубројните прашања на новинарите кои сакаа веднаш да дознаат нешто повеќе за духовноста на новиот папа - исусовец кој го избра името Фрањо, одговори: „Навистина, досега папа никогаш не бил исусовец. Исусовците настојуваат да бидат служители на Црквата, и ја прифати оваа служба сметајќи дека негова должност е да го исполни ова служење со голема едноставност, како и што видовме, но и со дух на голема универзалност. Свети Игнациј нѐ воспитуваше да бидеме секогаш со многу широк поглед за да можеме да го опфатиме целиот свет, па ова служење на верата и правдата да го носиме како најголем дар којшто можеме да го подариме на нашите современици“

За избор на името „Фрањо“ о. Ломбарди додаде: „Многу ми е мило што го избра името на Фрањо, големиот сведок на евангелието. Преку ова се гледа дека таа монашка духовност која сака да ги живее евангелските вредности се дели со другите. Го сметам за многу важен изборот на името „Фрањо“... Не го избра името „Игнациј“, туку го избра „Фрањо“. Тоа значи дека сме во служба на Црквата, примајќи ги сите дарови, каризми кои Господ ни ги дарува за изградба на Црквата и навестување на евангелието.“

Папата е Фрањо, а не Фрањо I. Ова го објасни патер Ломбарди пред новинарите во четвртокот. Новиот Римски епископ е првиот папа, кој доаѓа од американскиот континент, прв папа од Дружбата Исусова – Исусовци и прв папа со името Фрањо.








All the contents on this site are copyrighted ©.