2013-03-14 12:48:18

УНИЦЕФ: Повеќе од два милиони деца се жртви на сирискиот конфлит


Повеќе од два милиони деца се жртви на сирискиот конфликт, од кои 1,8 милиони живеат во Сирија, а над 500 илјади се бегалци во Либан, Јордан, Ирак, Турција и Египет. Тоа се драмитичните бројки во извештајот на Фондот за деца при Обединетите нации (УНИЦЕФ), наречен „Сириските деца: една изгубена генерација“. Според хуманитарната организација „постојаните насилства, масовното преселување на народот и нанесените штети на инфраструктурите и основните средства предизвикани од сирискиот конфликт, се закануваат да стават белег за цел живот на една цела генерација деца“. Извештајот нагласува дека во зоните на жестоки борби пристапот до вода е намален за две третини, што доведе до зголемување на респираторните и кожните болести. Едно од пет училишта е уништено или се користи како засолниште за бездомните семејства. Во Алепо 6% од децата ги извршуваат училишните активности во одделенија составени од повеќе од 100 деца. Разурнати се голем дел од болниците и здравствените установи, а многу од квалификуваниот персонал ја напушти земјата. Благодарение на УНИЦЕФ, 4 милиони луѓе во земјата имаат пристап до вода за пиење, додека мобилните медицински екипи имаат вакцинирано повеќе од 1,5 милиони деца против морбили и детска парализа. Во Јордан, Либан, Ирак и Турција Фондот за деца при ОН се грижи за повеќе од 300 илјади деца бегалци, снабдувајќи ги со вода за пиење, хигиенско-санитарни услуги, образовни програми, квалификувана грижа и заштита од насилство и злоупотреба. За сето тоа, посочува организацијата е потребна финансиска помош без која, грижата за децата во овој регион може да биде избришана. Во декември 2012 година УНИЦЕФ упати апел за собирање на 195 милиони долари потребни за сириските деца и нивните семејства. До денеска се собрани помалку од 20% од таа сума.








All the contents on this site are copyrighted ©.