2013-03-14 10:06:32

Распоред на папата за наредните денови


Кратко по навестувањето дека има нов Папа прес службата на Светата Столица го објави распоредот на Светиот Отец Фрањо I за наредните денови.

Во четврток 14 март во утринските часови Папата ќе се упати на едно од местата во Рим каде се чествува Богородица, како што најави во своето прво обраќање Urbi et Orbi (дo градот и светот), за да се помоли на Пресвета Богородица „да го чува целиот Рим”. Попладне во 17.00 часот во Сикстинската капела Папата ќе слави света Литургија во заедништво со кардиналите бирачи.

Во петок 15 март во 11.00 часот Светиот Отец ќе ги прими на аудиенција сите кардинали во салата Клементина.

Во сабота 16 март папата Фрањо I во 11.00 часот во салата Павле VI ќе ги прими на аудиенција вработените во средствата за комуникација.

Во недела 17 март Светиот Отец во 12.00 часот ќе го моли својот прв Анегл Господов со верниците од прозорот на Папскиот апартман.

Света Литургија, со која свечено ќе се означи почетокот на понтификатот, ќе се слави на плоштадот свети Петар во вторник 19 март, на празникот свети Јосиф во 9.30 часот.

Во среда на 20 март нема да има Генерална аудиенција.







All the contents on this site are copyrighted ©.