2013-02-27 15:40:59

Бенедикт XVI: Не го оставам крстот, туку на нов начин останувам покрај него, им посакував добро на сите


Нема да ја извршувам повеќе службата на управување со Црквата, но останувам во служба со молитва, рече папата Бенедикт XVI на последната Генерална аудиенција од својот понтификат. Во своето срце чувствувам дека мора да се заблагодарам пред сè на Бог, кој ја води и дава да расте неговата Црква, кој го сее своето Слово и така ја зајакнува верата во својот народ, рече папата на почетокот, а потоа се осврна на својата Петрова служба: Господ навистина ме водеше, ми беше близу, можев секојдневно да ја забележам неговата присутност. Тоа беше историски пат на Црквата, која имаше моменти на радост и светло, но и тешки моменти; Се чувствував како свети Петар и апостолите во коработ на Галилејското езеро: Господ ни даде многу сончеви денови и пријатен ветар, денови во кои уловот беше обилен; меѓутоа имаше и моменти во кои морето беше немирно и дуваше спротивен ветар, како што е низ целата историја на Црквата, и изгледше дека Господ спие. Но отсекогаш знаев дека во тој кораб е Господ и секогаш знаев дека коработ Црква не е моја, не е наша, туку негова и тој нема да дозволи да потоне; Без сомневање, тој е кој ја води секако со помош на луѓе кои ги избира, бидејќи тој така сакаше. Тоа беше и останува една сигурност, која не може ништо да ја засени. И поради тоа денес моето срце е полно со благодарност кон Бог, бидејќи никогаш не ја скрати својата утеха на целата Црква и на мене самиот, не го скрати своето светло, својата љубов, рече папата.

Моја желба е сите да ја чувствуваат радоста, да почуствуваат колку е убаво, да се биде христијани и да се припаѓа на Црквата. Еден папа никогаш не е сам, кога го управува Петровиот кораб. Со ова им благодарам на сите оние кои великодушно ми помагаа во извршување на Петровата служба. При аудиенции, пасторални патувања и на мноштвото средби можев да ја почувствувам приврзаноста и љубовта кон Петровата служба од многубројни луѓе. Сите нив ги вклучувам во моите молитви, како и целиот свет.

Пота се заблагодари на сите кардинали, на своите најблиски соработници, посебно спомнувајќи го државниот секретар Тарзицијо Бертоне, Државниот секретаријат и Римската курија, Рисмката епархија, епискиопите и свештениците и сите верници, како и Дипломатксите претставници при светата Столица.

Потоа папата спомна дека во последните денови освен писма од бројни државници и верски водачи, претставници од културата и други, добива и голем број писма од обични луѓе. Тие луѓе ми пишуваат како браќа и сестри или како ќерки и синови, со чувства на голема близина. Тука може со рака да се допре што е Црквата – не некоја организација, не некое здружение со верски или хуманитарни цели, туку живо Тело, заедница на браќа и сестри во Телото Христово, кое сите нѐ соединува. Да се доживее Црвката на тој начин и со мала рака да може да се допре силата на нејзината вистина и нејзината љубов го исполнуваат човек со радост во време кога многумина говорат за нејзино исчезнување. Последните месеци почувствував дека сум со ослабната силата и барав од Бог во истрајна молитва, да ме просветли со своето светло за да донесам најправедна одлука, не за мое добро, туку за доброто на Црвката. Тој чекор го направив потполно свесен за сериозноста како и за новоста, но со длабок мир во душата. Да се љуби Црквата значи и да се има храброст да се донесуваат и тешки, болни одлуки, имајќи го секогаш пред очи доброто на Црквата, а не да гледаме на самите нас, рече папата во својата катехеза, која беше прекинувана со бурни аплаузи.

Превземајќи ја папската служба знаев дека Господ ме обврзува засекогаш. Со овој свој чин тој повик не се отповикува, појасни папата. Не се враќам во приватниот живот, во живот со патувања, средби, приеми, предавања и друго. Не го оставам крстот, туку на нов начин останувам со Господ Распнатиот. Нема да ја извршувам повеќе службата за управување со Црквата, но останувам во служба со молитва, така речено во дворот на Свети Пеатр, истакна папата Бенедикт XVI.

На сите и на секој му се заблагодарувам исто така што ја почитувате и со разбирање ја прифаќате оваа толку важна одлука. Ќе продолжам да ја следам Црквата на нејзиниот пат преку молитва и размислувања, со истата онаа посветеност кон Господ и неговата Свршеница, како што настојував да живеам сè досега и секој ден, и која што посветеност сакам секогаш да ја живеам. Ве молам да се сетите пред Господ за мене и пред сѐ да молите за кардиналите, кои се повикани на многу важна задача, и за новиот наследник на апостол Петар: Нека Господ нѐ прати со светло и силата на својот Свет Дух, порача папата на крајот од својата катехеза која се одржаа на плоштадот Свети Петар пред повеќе од 350.000 верници пристигнати од целиот свет.







All the contents on this site are copyrighted ©.