2013-02-18 09:06:34

Христијанската љубов не може да се сведе на чисто хуманитарни вложувања


Христијанската љубов не може да се сведе на чисто хуманитари вложувања, бидејќи таа е објавување на Божјата љубов кон човештвото, нагласи папата Бенедикт XVI обраќајќи се на 15 февруари на членовите на Фондацијата Pro Petri Sede кои вчера ги прими на ауденција.

Ова не е прв пат Папата да го истакнува тоа сфаќање, навистина тоа е столб на неговото социјално учење: Ако милосрдието се прави од христијанска љубов, тогаш тоа не е само материјална помош на оние кои се во потреба, туку е и израз на љубовта Божја. Тоа нé учи верата, самата верата, Годината на верата е прогласена за да се оживее верата, препорача Светиот Отец на припадиците на историското католичко каритативно братство, кое е основано во Белгија. Зборувајќи на француски јазик Папата повтори дека постот и Година на вера повикуваат на преобраќање.

Верата е навистина жива која треба непрестано да се открива и продлабочува за да може да расте. Верата го води христијанинот во неговото делување. Таа е ново мерило на сфаќање и делување кое го менува човечкиот живот, нагласи Бенедикт XVI додавајќи:

„Ако верата го осветлува животот и неговиот видик, тоа значи дека и начинот на сведочење на христијанската љубов мора да биде плод на тоа внатрешно светло. Верата без милосрдие не донесува плод, а љубовта без вера би била чуство на сомневање во самите себе. Взаемно се бараат верата и љубовта, за да и едната и другата овозможат да се оствари „неопходната“ средба со Исус, кој ги преобразува срцето и очите, а христијанската љубов ја дава вистинската смисла, објасни Папата.

Христијанското милосрдие не може да се сведе на едноставен хуманизам или на вложување на човечка промоција. Материјалната помош е потребна, но не ја изразува полнината на љубовта, која учествува во Христовата љубов, понудена и поделена. Вистинската љубов е конкретно манифестирање на Божјата љубов кон луѓето, навестување на евангелието, заклучи Бенедикт XVI.








All the contents on this site are copyrighted ©.