2013-02-11 14:06:25

Папата Бенедикт Шеснаесетти ќе се повлече од функцијата на 28 февруари


Светиот Отец својата одлука ја соопшти на Конзисториум вo Рим и тоа на латински јазик, што е невообичаено. „Папата најави дека ќе се повлече од функцијата на 28 февруари во 20 часот“, соопшти портпарол на Ватикан.

Во своето обраќање Папата, меѓу другото, вели: „Откако повеќепати ја преиспитував својата совест пред Господа, дојдов до сознание дека мојата сила, со оглед на староста која настапува, не е доволна за да ја извршувам должноста соодветно.“

Папата им се заблагодари на собраните на Конзисториумот од „се‘срце“ за „сета љубов и работа“ со која тие заедно со него го носеле товарот на функцијата и замоли за прошка за сите негови „грешки“.

Бенедикт Шеснаесетти е на чело на Римокатоличката црква од април 2005 година. Тој го наследи починатиот Јован Павле Втори. Бенедикт во меѓувреме има полни 85 години. Ова е првпат ос векови еден папа да се повлекува од функцијата.







All the contents on this site are copyrighted ©.