2013-02-07 10:53:33

Бенедикт XVI: големината на човекот е во признанието на Бога Творецот


Бог, како творец на човечкиот живот и созданието и "специјалната врска" на човекот со Него беше темата на катехезата на Папата Бенедикт XVI на генералната аудиенција, која се одржа во ватиканската сала Павле VI. Со неа продолжи циклусот предавања посветени на Верувањето. "Првородниот грев", истакна Папата, не е ништо друго, освен "искушението" на човекот да види во Бог еден "непријател" за сопствената слобода. Алесандро Де Каролис ја синтетизира папската катехеза:

Во размислувањето Светиот Отец се задржа на зборовите од Верувањето кои го одредуваат Бог како "Творец на небото и земјата" и на првите глави од книгата Битие, приказна за создавањето на светот. Папата направи комбинација од овој расказ со тврдењата на науката и техниката за потеклото на вселената и човекот, истакнувајќи дека Библијата "не е учебник по природните науки":

"Основната вистина раскажана во книгата Битие ни открива дека светот не е збир на противењето со меѓусебните сили, туку дека го наоѓа своето потекло и отпорност во Словото, во вечниот разум на Бог, кој продолжува да ја одржува вселената. Верата во тоа го оживува секој аспект на живот и дава храброст за да се соочиме со вера и надеж пред животот."

Книгата Битие, појасни Папата, "ни помага да ја препознаеме Божјата промисла за човекот" и особено неговиот исклучителен идентитет:

"Човечкото суштество е создадено по образ и слика Божја. Сите ние носиме во себе го животодавниот здив на Бога и секој човечки живот - ни кажува Библијата - кој е под посебна заштита на Бог. Тоа е најдлабоката причина за заштита на човековото достоинство против обидите човекот да се оценува со утилитаристични критериуми и според неговите способностите. "








All the contents on this site are copyrighted ©.