2013-02-04 12:11:14

Бенедикт XVI: инвистирање во семејството и животот како одговор на оваа криза


Заштита на достоинството на секое човечко суштество и инвестирање во семејството и животот, кои "се најефикасен одговор за постоечката криза". Ова беа двата повика упатени од Папата Бенедикт XVI за време на неделната молитва "ангел Господов во контекст на" Денот на животот ", одбележан секоја година во Италија во првата недела на февруари. Во кусото размислување пред молитвата Папата потсети дека "Исус не дојде да побара согласност од луѓето, туку за да ја сведочи вистината".

"Пророкот не е примен во својата земја". Со овие зборови, посочи Папата, "Исус, во синагогата во Назарет, го навестува извршувањето на едно од пророштвата на пророкот Исаија за Месијата, покажувајќи дека станува збор за Него". "Зборови кои звучат како провокација и се видени од сонародниците на Исус како самоистакнување", истакна Папата. Исус ги цитира двете чуда извршени од пророците Илија и Елисеј за луѓе кои не припаѓаат на народот Израилев, за да "покаже дека има повеќе вера надвор Израел". Реакцијата на неговите слушатели е едногласна: се исполнија со гнев; и станаа, Го исфрлуваат надвор од градот и Го одведоа на врвот од ридот". Но, зошто, праша реторично Папата, "Исус сакаше предизвика оваа реакција":

"Исус не дојде да побара согласност од луѓето, туку - како ќе му каже на Пилат - да ја сведочи вистината'."

"Вистинскиот пророк не се потчинува на другите, туку само на Бога и ѝ служи на вистината, подготвен да плати со својот живот."

"Исус е пророк на љубовта, но, исто така, љубовта има својата вистина. Така, љубовта и вистината се двете имиња на една иста реалност, двете имиња на Бога."

Во читањето за време на неделната литургија, исто така свети Павле зборува за љубовта, која "не се превознесува, не се гордее, не безчинствува, не го бара своето, не се лути, зло не мисли, на неправда не се радува, туку се радува на вистината".

"Верата во Бог значи да се откажеме од личните предрасуди и да го прифатиме конкретниот лик, во кој Бог ни се откри: Исус од Назарет. Само така можеме да Го препознаеме и да им служиме на другите."

Кој не се скандализира пред човечката природа на Исус, како неговите сонародници, е негова "Мајка до ноќта на крстот и целосна светлина на Воскресението."

"Нека Дева Марија ни помага да одиме со вера и радост на тој пат."

По Бородичната молитва Папата потсети на "Денот за животот", кој се одбележува во Италија во првата недела на февруари и се приклучи на пораката на италијанските католички бискупи за промоција на "инвестицијата во животот и семејството, како одговор на постоечката криза“.







All the contents on this site are copyrighted ©.