2013-01-28 09:44:06

Папата на Ангел Господов: никогаш повеќе да нема ужаси на холокауст, да се надмине секоја форма на омраза и расизам


На Ангел Господов, на Плоштадот Свети Петар, Папата Бенедикт XVI зборуваше за Мемориалниот Ден на жртвите од Холокаустот. Меморијата на оваа “ужасна трагедија“, рече Папата, преставува предупредување “така да не се пофтаоруват овие трагеди од минатото“ и да се надмине секоја форма на расизам. Папата не заборави да потсети и за светскиот Ден на болните од Лепра и за Денот за Мир во Светата Земја, изразувајќи блискост на лепрозните и на миротворците. На крајот поздраво до верниците и до ходочасниците заедно со двете деца на Католичката Акција на Деца, Папата ослободи две гулаби во знак на “Караванот на мирот“ на Плоштадот Свети Петар. Уредил на италијански Александро Гисоти, превел на македонски Р.К.

Никогаш повеќе да не се пофтори Холокаустот. На Ангел Господов, на Плоштадот Свети Петар, се издигнуваше глаост на Папата против секоја форма на омраза и на расизам. Бенедикт XVI зборуваше, со растреперливи зборови, за “Мемориалниот Ден“ кој ги одбележува сите жртви на нацизмот:

“Меморијата на оваа ужасна трагедија, која ѓи погоди длабоко сите луѓе а посебно евреискиот народ, треба да биде постојан потсетник за сите за да не се пофторат никогаш грешките од минатото, и да се надмине секаков вид на омраза и расизам и да се промовира се повеќе почита и достоинството на луѓето“.

Пред да зборува за Холокаустот, Папата се задржа за неделното Евангелие. Исус – рече – е денес спасителот во историјата на човекотм, бидејќи целосно го исполнува нашето откупуваче“. Потоа тој рече како треба денес христијаните да ја живеејат Неделата. Тема која покасно исто така ја сподели и на tweet-от. Ова, рече, е денот на одморот и на фамилкијата, но пред се е и ден посветен на Господа, присуствувајќи на Светата Литургија“. Пред се ден посветен за Него:

“Ова време дисперзивно и расеано, ова Евангелие не поканува да се запрашаме за нашиот начин на слушање. Пред да можеме да зборуваме за Бога и со Бога, потребно е да знаеме да слушаме, и токму Светата Литургија во Црквата е школата каде што можеме да научиме да го слушаме Господа кој ни зборува“.

За христијанинот, додаде, “секој момент може да стане ден поволен за нашето обраќање“. Ова е смислата на христианинот carpe diem (зграпчи го денот): “зграчи год денот во кои Бог те повикува за да ти го подари спасението“. За време на поздравите, Папата потсети за Светскиот Ден на болните од лепра, кој се слави по 60-ти пат:

“Ја изразувам мојата блискост до луѓето кој страдат од таа болест и ги охрабрувам истражувачите и здравствените работници и волунтери, а посебно оне кој учествуват во католичката организација и Здручението Пријатели од Raoul Follereau”.

И за сите ја молам подршката од Свети Дамјан од Веустер и Света Мариана Копе, кои ги ‘дадоа животите за болните од лепра“. Папата не заборави да заблагодари за оние кои во различни делови на севтот го промовира посебниот Ден прекин на војувањата во Светата Земја. И зморувајќи на полски, тој се приклучи на Католичката Црква во молитвите за кардиналот Јозеф Глемп, кој почина пред неколку денови. На крајот на Ангел Господов, Бенедикт XVI испрати специлани цеститки до децата и мадите на Acr, Католичко Здружение на млади од Рим ангажирави во мировни иницујативи:

“Почитувани млади, вашиот ‘Караван на мирот’ е убаво сведоштво! Нека биде знак исто така и во вашата секојдневна посветеност за да го изградите мирот и таму каде што живеете“.

Еден од нив потоа ја прочита пораката на Папата:

“Почитувани Папа ... ние се соочуваме дали сме навистиуна способни за Мир, или да бидеме соработници на Мирот кој доаѓа од Бога ... и не заборавајте почитувани Папа: Acr од Рим никогаш не престанува да ви посакува добро!

На крајот, Папата – помогнат од две деца – пушти два гулаби, “симбол на Духот Божји, кој дарува мир на оние кој ја прифаќат неговата љубов“.








All the contents on this site are copyrighted ©.