2013-01-24 12:37:13

Папата на генералната аудиенца и на tweet-от: кој има вера во Бога не се плаши да оди против течението


Верата во Бог значи да се оди против течението таму каде што Бог е заборавен. Ова го рече денес Папата Бенедикт XVI за време на генералната аудиенција, која одржа во ватиканската аулата "Павле VI". Папата даде почетокот на нов циклус на мисли за катехисзмот на ‘Верувањето“молитвата камел-темелник на христијанската вера, завршувајки со молитва за единство на христијаните. Уредил на италијански Александро Де Каролиц, превел на македонски Р.К.

За да се разбере “мерката“ на верата во Бога, треба да отидеме со мислите кај Авраам, “татко“ на сите кои веруват. Потребно е да се отиде, рече Бенедикт XVI, до “парадоксалното одење“ кој, со вера, Бог го бара од Авраам да го помине и дека Авраам, со вера, прифаќа да го исполни. На праотецот Авраам , рече Папата, беше ветено големо потомство, но неговата жена Сара е неплодна. Одведен во една нова земја но таму треба да живее како странец. Авраам го “прифаќа овој повик“ и таинството кое го подржува, бидејќи во тоа таинство е Бог. А ние, се запраша Папата, како ќе реагиравме на тоа?

“Се однесува, всушност, на поаѓање во марак, без да знае каде Бог ќе го однесе; тоа е поаѓање која бара послушност и радикална доверба, кое само со верата може да се прифати. Но темнината на непознатото – каде Авраам треба да оди – е осветлено со светлината на ветувањето; Бог додава на заповета еден гарантен збор кој отвара испред Авраам исполнета животна иднина: ‘Ќе направам од тебе една голема нација’“.

Во она земја која Бог му ја дава на Авраам, но која на Авраам не “му припаѓа“ е, симболички, универзално учење:

“Не имајќи амбици на поседување, да ја чуствуваш секогаш својата сиромаштијата, да гледаш се како подарок. Ова е исто така спиритуалното богатство кој го прифаќа да следи Господ, кој одлучува да замине прифаќајќи го неговиот позив, под знакот на неговата невидливост но моќн благослов“.

Значи, се прашува Папата, што значи изговарањето “јас верувам во Бога“, “фондаментална афермација, очигледно едноставна во својата суштина, но тоа отвара на бесконечниот свет во однсото со Господ и со неговото таинство“?:

“Да кажеш ‘Јас верува во Бога’ значи да го изградиш врз Него својот живот, да оставиш неговиото Слово го ориентира секој ден, во конкретните избори, без страв да се изгуби нешто од себеси (....) ‘Верувам’ бидејќи моето лично постење кој треба да добие напредок со дарот на верата, тоа е моето постоење кое треба да се промени, се преобрати".

Да се верува во Господ, рече Папата – тврдејќи го овој концепта аналогно во еден tweet – нo прави “носители на вредностите кој често не се совпаѓат со модата и светското мислење, бара од нас да посвоиме криетриуми и прифатиме однесувања кој не припаѓат на заедничкиот начин на размислување“:

“Христијанинот не треба да има страв да оти против течението за да ја живее својата вера, издржувајќи на искушенијата да ‘се усогласи’. Во многу општества Бог стана “отсутен“ и на неговото место се многубројни идоли, различни идоли и особено поседувањето и самиот човек со своето его. И исто така значаен и позитивен напредок на науката и на техниката доведоа во луѓето илузија на семоќ и на самозадоволство, и голем раст на егоизмот креираше голема нерамнотежа во рамките на интерперсоналниот односо и на социалните однесуваша“.

После кратката катехистичка наука следеа и поздравите на различни јазици. Така Бенедикт XVI го заврши звојот говор во знак на екуменизмот, кое е во центарот на вниманието и прославите овие денови:

“Недела на молитва за единство на христијаните ја стимулира во секоја заедница посветеноста да се побара со инсистирање до Господа дрот за единство и да се живее во братска заедница“.







All the contents on this site are copyrighted ©.