2012-10-25 09:22:47

Папата на Генералната аудиенција: Да се има вера е Божји дар и чин на човековата слобода


Верата е „натприроден дар“, но исто така и слободен чин на човекот кој одлучува свесно да се препушти на Божјата љубов, која го променува животот. Бенедикт 16-ти, на својата втора катехеза посветена на Годината на Верата, ја повтори оваа „основна вистина“ на илјадници луѓе присутни на генералната аудиенција на Плоштадот Св. Петар.

Многугодишните „планирања“, прецизни пресметувања, експериментирања го трасформираа човештвото во модерна верзија на Св. Тома: верувам само во оваа што допирам. Папата всушност размислуваше за состојбата на верата во денешниот свет. „Верата“ паралелно се развиваше со науката и технологијата, без кои всушност „големината“ и важноста на новите откритија успеаа навистина да го направат човекот „послободен, по човечки настроен“:

„Понекогаш, се осеќа, дека во одредени случаи од секојденвието, светот не е насочен кон градењето на една братска и мирољубива заедница; истите идеи за напредокот и благосостојбата исто така ги покажуваат своите сенки (...). Исто така еден вид на културата се научи да се движи само по хоризонталата на реалните нешта, на конкретноста, да верува само во тоа што се гледа и се допира со сопствените раце“.

За Светиот Отец „визијата за хоризонталната реалност“ е проблем кој допрва треба да дојде. Таа визија сама по себе не е доволна, затоа што освен науката постои друга мудрост која нè води директно во срцето на Бога:

„Ние имаме потреба не само од материјалниот леб, но имаме потреба и од љубов, од надеж, од сигурен темел, цврста подлога која ни помага да живееме самостојно во кризите, потешкотиите и секојдневните проблеми. Токму тоа ни го подарува верата: тоа е една доверба во еден „Ти“, кој е самиот Бог, кој ми дава една сигурност, но не помалку цврста од онаа која ми ја дават прецизните пресметувања или науката“.

Верата е „дар“ кој доаѓа од височините, продолжи Бенедитк 16-ти, исто така и „автентично човечки чин“ во љубовта „кој не е помал од човечката злоба“, кој утешува, кој спасува:

„Мислам дека би требало почесто да размислуваме – во нашиот секојдневен живот, карактеризиран од драматични ситуации и проблеми – околу фактот дека да се верува христијански значи доверливо да се предадеме на вистината која нè поддржува мене и светот (...). И оваа сигурност на верата слободно и со сигурност треба да ја навестуваме со зборови и да ја искажуваме со нашиот христијански живот“.

Верувањето, рече Папата, не е едноставно „интелектуална согласност на човекот“, туку слободен чин на доверба кон Бога. Но верата исто така нè прави свесни дека Бог е допирлив, стана тело, во Исуса:

„Отфрлувањето не може да нè обесхрабри. Како христијани сведоци сме на оваа плодна почва: нашата вера, иако сме ограничени, покажува дека постои добра земја, каде семето на Божјето Слово произведува големи количини плодови на правдата, на мирот и на љубовта, на новото човештво, на спасението. И целата Црковна историја, со сите проблеми, докажува дека постои исто така добра почва, постои добро семе и носи плодови“.

Во свет каде што повеќе се цени материјалното од духовното, да се шири Евангелието претставува „ризик“, како прво да се отфрли Христос. Но Светиот Отец тврдеше...

„... не е спротивно ниту на човечката слобода ниту на човечката интелигенција (...). Напротив, ги води и возвишува во еден вид на живот како да е еден егзодус, т.е. ги прави да излезат од самите себе, од сопствената сигурност, од своите ментални шеми, за да се доверат во Божјето делување кој ни го покажува патот за да ја најдеме вистинската слобода, нашиот човечки идентитет, вистинската радост на срцето, мирот со сите“.








All the contents on this site are copyrighted ©.