2012-10-22 12:25:53

Папата прогласи 7 нови Светци, сведоци на Божјата љубов за човекот


Синодската седница која се мери со предизвикот на новата евангелизација и со мисионерите посебно спомнати на Светскиот Ден на Мисионерите: две настани кои се совпаднаа со Канонизацијата на 7 блажени од 6 различни националности. На плоштадот св. Петар, полн од 80.000 луѓе, Бенедикт 16-ти ја отслужи мисата за канонизација на Jacques Berthieu, Pietro Calungsod, Giovanni Battista Piamarta, Maria Carmen Sullés y Barangueras, Marianna Cope, Caterina Tekakwitha, Anna Schäffer.

„Црквата ја оживува свеста дека постојано е во служба на човекот и Евангелието, како Оној кој самиот себе се предаде жртвувајќи го животот“. Со овие зборови Светиот Отец повикува на примерот на новите Светци и го поздрави Синодот:

„Мојот срдечен поздрав го упатувам до сите вас, кои го наполнивте Плоштадот св. Петар, особено официјалните делегации и поклониците кои дојдоа да ги прослават седумте нови Светци. Љубезно ги поздравувам Кардиналите и Епископите кои овие денови присуствуваат на Синодската седница за Новата Евангелизација".

Бенедикт 16-ти зборува за „среќна случајност“ нагласувајќи дека христијанинот, било во најдалечните земји било во регионите од античкото христијанство, „повикан е да сведочи и да ја навестува христијанската порака споредувајќи се со Исус Христос, следејќи го неговиот пат. Папата потврдува со зборовите од евангелието според Марко: „Синот човечки дојде да служи и да го даде својот живот за откуп на мнозина“. Јасно потврдува: тоа го направија новите седум Светци и зборува за „херојската храброст“, за „потполното посветување на Бога“ и за „благородната услуга кон браќата“.

„Светоста во Црквата секогаш својот извор го има во тајната за Откупението, која е претскажана од пророкот Исаија во првото Писмо: Слугата Гопсодов е Праведниот кој ’мнозина ќе оправди, и врз себе ќе ги носи нивните беззаконија’ (Ис 53,11), тоа е Исус Христос, распнатиот, воскреснатиот и прославениот".

„Новите Светци – рече Папата – различни се по потекло, јазик, нација и социјален статус, но сите се обединети со целиот Народ Божји во тајнството на спасението Христово“.

„Сведочењето на новите Светци со нивните животи за љубовта Христова да и зборува денес на целата Црква, и нивното посредување да може да ја зајакне и поддржи во мисијата за навестување на Евангелието на целиот свет“.







All the contents on this site are copyrighted ©.