2012-10-18 10:22:44

Генерална аудиенција: Папата го отвори циклусот за Годината на Верата: нов ентузијазам за надминување на односот вера-живот


Бенедикт 16-ти, на плоштадот Св. Петар, пред околу 40 000 луѓе отвори нов циклус на катехизата посветена на Годината на Верата. Папата објасни дека сака да им помогне на христијаните да го надминат „јазот помеѓу верата и животот“ и да ги пронајдат ентузијазмот и храброста за навестување, дури и во социјални контексти кои се чинаат дека имаат изгубено некои од суштинските вредности.

Некогаш беше голема радост да се биде христијани, со свежината и огнот од првото навестување: Исус од Назарет, Синот Божји, слезе на земјата и го даде својот живот од љубов за човештвото, спасувајќи го. После две илјади години многу христијани не се сеќаваат повеќе дека тоа е „сржта на првото навестување“. И на тоа Бенедитк 16-ти рече: лично секој да придонесе со еден циклус на катехиза така што Годината на Верата „го обнови ентузијазмот за да се верува во Исус Христос".

„Се работи за средба со една Личност, а не со една идеа или план за животот. Со жива Личност која суштински нас не преобразува, откривајќи го нашиот вистински идентитет дека сме синови Божји. Средбата со Христос ги возобновува нашите човечки односи, стремејќи ги, од ден за ден, на се поголема солидарност и братство, во логиката на љубовта (...) тоа е промена која го опфаќа животот, се што е наше: чувството, срцето, интелигенцијата, волјата, телото, емоциите, човечките односи“.

Значи, верата ја опфаќа целата личност. Но јасно им е тоа на верниците? Или, се прашува Бенедикт 16-ти, верата е надворешен фактор, кој нема додирни точки со секојдневниот живот?":

„Денес потребно е јасно да се повторува, додека културните преобразувања често покажуваат форми на варварство, кои потајно ’ја освојуваат цивилизацијата’ (...) Каде што е власта, поседувањето, експлоатацијата, комодификацијата на другиот од корист за сопствениот егоизам, каде што арогантноста на егото е затворено во себе, човекот е осиромашен, деградиран, изобличен. Христијанската вера, активна во љубовта и силна во надежта, не го ограничува, но го прави животот потполн, како што му доликува на еден човек".

Одредени човечки ставови приврзани на релативизмот, приметува Светиот Отец, резултати се на „процесите на секуларизацијата“ и на „еден раширен нихилистички менталитет":

„На тој начин, животот често се гледало да се помине безмачно, без јасна идеална и цврста надеж, во социјалните и фамилијарните односи. Особено новите генерации не се поучени за пронаоѓање на вистината и суштинската смисла на егзистенција која се постигнува со доверба. Напротив, релативизмот доведува до нестабилност, сомневањето и непостојаноста предизвикуваат прекинување на човечките односи, додека животот се живее без искуства кои малку траат, без преземање на одговорноста“.

Значи, Бенедикт 16-ти „се држи“ за состојбата на верниците, која што не е повеќе сигурна. Во едно интервју во врска за Синодот за новата евангелизација рече дека често „верата се живее на еден пасивен и приватен начин“, дека постои „ одбивање на образованието за верата“, т.е. „прекин помеѓу верата и животот“:

„Христијанинот денес често не ја знае централната срж на сопствената католичка вера, на Верувањето, така што остава простор на синкретизмот и верскиот релативизам, без да му е јасно околу вистините за верување и за личното спасение во христијанството. Денес ризикот не е голем за да се изгради, таканаречена, ’сопствена’ религија. Но, треба да мус е вратиме на Бога, на Исусовиот Бог, треба да ја откриеме пораката од Евангелието, и да го внесеме подлабоко во нашите умови и во нашиот секојдневен живот“.

Постои еден начин зошто оваа откритие на Исус и на Евангелието треба да се реализира: Папата ја нарекува „суштинска формула на верата“, каде што вистините се присутни една до една, Верувањето:

„И денес имаме потреба Верувањето да биде подобро запознаено, разбрано и молено. Особено важно е Верувањето да биде «прифатено». Да се познава, всушност, би можело да биде само една интектуална активност, додека «прифаќање» значи потребата да се открие односот помеѓу вистината која ја исповедуваме во Верувањето и нашата секојдневна егзистенција“.







All the contents on this site are copyrighted ©.