2012-10-15 10:09:41

Папата на Ангеловиот поздрав: богатството не носи радост на земјата ниту живот вечен, потребно е да се подели со сиромашните


Бгатството не носи радост на земјата ниту живот вечен: рече Папата на Ангеловиот поздрав обраќајќи се до верниците што беа собрани на Плоштадот Св. Петар. Бенедикт 16-ти размислуваше над Евангелието од неделната литургија повикувајќи ги сите да го короистат богатството како што не учи Евангелието: да го споделиме со сиромашните.

Евангелието од оваа недела зборуваше за „богатиот младич“ кој надворешно ги исполнува сите Божји заповеди, но „сеуште не ја пронашол вистинската среќа“ и затоа го прашува Исуса што да направи „за да има живот вечен“. Мислата на Папата беше оваа:

„Од една страна, тој е занесен, како и сите, од полнотата на животот; од другата пак, навикнат на сигурноста од сопственото богатство, мисли дека исто така и вечниот живот на некој начин може да се „купи“, по можност запазувајќи некоја посебна заповед“.

Исус ја прифаќа вистинската желба на таа личност, и „остава врз него поглед полн со љубов: погледот Божји“:

„Но Исус исто така ја разбира слабата точка на оној човек: тоа е приврзаноста за сопственото богатство; и затоа му препорачува да го раздаде на сиромашните, така што неговата ризница – т.е. неговото срце – нема да биде на земјата, туку во небото, и додава: «Дојди! Следи ме!». Младичот, наместо со радост да ја прифати поканата од Исуса, си заминува натажен, затоа што не може да се оддели од своето богатство, кое не може никогаш да му донесе среќа и живот вечен“.

Исус вели дека многу е тешко за еден богат да влезе во Царството Божје, но не и дека е невозможно:

„Всушност, Бог може да го освои срцето на некој кој поседува големо богатство и да го поттикне на солидарност споледувајќи го со оној кој има потреба, со сиромашните, т.е. да го направи дарежлив“.

„Историјата на Црквата е полна со богати луѓе, кои своето богатство го употребија според евангелието, постанувајќи исто така свети“, како Св Франческо, Св. Елизабета од Унгарија или Св. Карло Баромео. Потоа го цитираше Св. Климент Александриски:

„Параболата ги поучува богатите дека не треба да го осенат своето спасение како да се веќе осудени, ниту треба да го фрлато богатството во море а ниту да го осудат како недостиг и непријател на животот, но треба да научат на кој начин да го искористат тоа богатство та да си заработат живот“.







All the contents on this site are copyrighted ©.